Во Полициската станица Кавадарци вчера околу 15 часот С.М.(54) од Кавадарци пријавила дека во нејзиниот дом била измамена од С.К.(35), која и побарала златни предмети за да и направи услуга, по што заминала и не се вратила.

За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, кој посочи дека се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2020 14:37