Осумдесет возила во Куманово беа санкционирани денеска за само еден час во сообраќајната акциска контрола што ја спроведе МВР во центарот на Куманово.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски рече дека денеска во Куманово ги преземаат неопходните мерки за да се стави ред на улиците.

Санкциите изречени за еден час се однесуваат на возење без возачка дозвола, возење нерегистрирани возила, пречекорување на дозволената брзина, а беа санкционирани и возачи на мотори кои направиле прекршоци.

– МВР ќе продолжи со оваа акциска контрола во текот на денот и текот на наредните денови, а утре соодветно ќе информираме за целосните резултати, бројките од денешната контрола, изјави Ангеловски.

Тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите, како што потенцира, не за да се избегнат казните, туку да се постигне безбедност по улиците на Куманово и насекаде во државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2020 15:25