Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во август годинава бележи пад на прометот од 9,6 отсто во споредба со истиот месец лани или номинално намалување за 7,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, намалување во прометот бележат и трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 14,8 отсто, а реално за 14,8 проценти), трговијата на мало со автомобилски горива (номинално за 37,9 проценти, а реално за 29,7 отсто) и трговијата на мало освен трговија со горива (номинално за 11,1 отсто, а реално за 12,2 процента)



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2020 15:50