Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги потсетува работодавачите дека до крајот на годината треба да ја исполнат законската обврска и на работниците да им исплатат К-15.
– Исплатата на регресот за годишен одмор е уредена со колективните договори, а колективните договори според Уставот на државата имаат еднаква правна важност како и законите. Важењето на колективните договорни неможе да се суспендира од страна на државни органи. ССМ како единствен репрезентативен сидникати во државата очекува работодавачите да ја исполнат оваа обврска така како што е утврдена во колективните договори, се наведува во денешното соопштение од ССМ.
Работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор, можат да побараат интервенција од ССМ и од Државниот инспекторат за труд, или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права.
Работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат исплатените средства, предвидена е затворската казна до една година.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Согласно член 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето плата по работник исплатена во последните три месеци. Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.