Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Х.(37) од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама во службата“.
На 05.04.2019, пријавениот, при склучување на усмен договор за купување на дизел гориво во вкупна количина од 2.132,96 литри, го довел во заблуда оштетениот Б.Е., на тој начин што му го прикрил фактот дека од 02.09.2018 фирмата купувач од Крушево била со блокирана банкарска сметка, со што му нанел штета во вкупен износ од 130.111 денари.