На традиционалната средба и саем на превозниците што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на транспортната организација Макaм-транс ќе бидат презентирани предизвиците и последиците од пандемијата Ковид-19 во оваа дејност.

За состојбата во транспортниот сектор ќе говори генералниот секретар на Макам-транс Билјана Муратовска, а искуства ќе споделат и претседателите на асоцијациите на превозници од Србија, Неџо Мандич и на Хрватска, Драгутин Крајнчец

Според најавите, на средбата ќе се обратат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, а осврт за мерките за стопанството ќе има Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори.

Ќе биде потпишан меморандум за регионална промоција на мобилната апликација Makam-trans Communications со здруженијата од регионот, а потребата од нејзина промоција ќе ја претстави националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров. Воедно ќе се одржи презентација за електронска распределба на меѓународни транспортни дозволи.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2020 11:18