Зголемувањето на економската соработка помеѓу двете земји и определбите за зголемување за трговската размена, како и условите за инвестирање во земјава, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
Вицепремиерот Битиќи, истакнуваат од неговиот Кабинет, му порача на амбасадорот Баздникин дека имаме одлични услови за реализација на нови инвестиции од странски компании, како и дека ќе се работи на унапредување на грижата на странските инвеститори за време на реализацијата на инвестицијата и целото време додека работат во земјава.
Тој посочи дека по остварување на првата стратешка цел, членството во НАТО, наш стратешкиот интерес остануваат евро-интеграциските процеси и членството на нашата земја во ЕУ, но и одржување на добри билатерални односи со традиционална пријателските земји како што е Руската Федерација.
На состанокот се разговараше и за четирите сета економските мерки кои Владата ги донесе за поддршка на граѓаните и стопанството и ублажувањето на негативните ефекти од социо-економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот.
Соговорниците се согласија дека антикризните мерки ги даваат посакуваните резултати, како и дека сите земји ќе мора да продолжат со креирање иновативни решенија за надминување на кризата.
Вицепремиерот Битиќи посочи дека пандемијата е предизвик за земјите од целиот свет, а нагласи дека при креирањето на мерките се внимава во нив да се содржи и развојна компонента, која ќе ги поттикне компаниите на иновативни решенија, дигитализација на процесите, намалување на бирократијата и сивата економија