По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата на возраст од 39 години, во домот во кој престојувала на улица „Никола Тесла“ во Скопје, неовластено заради продажба држела наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 22,68 грама, спакувана во повеќе различни пакувања. Дрогата била пронајдена на 22 септември, при претрес на нејзиниот дом.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетата, со образложение дека се уште постојат законските основи – реална опасност таа да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело што и се става на товар.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2020 14:25