Тетовската полиција во изминатите 24 часа приведе четири лица по разни основи, од кои еден по пријава за обљуба.
-На 30 септември во СВР Тетово мајка пријавила дека пред околу шест месеци над нејзината малолетна ќерка била извршена обљуба од Б.Р. (25) од Тетово. Пријавениот е лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, соопштија од СВР Тетово.
Полицајци ноќеска околу 1 часот, на улица „Илинденска“, во близина на угостителски објект во Тетово, ги привеле тетовците А.А. (26), Н.С. (19) и Б.М. (18).
-Тие го нарушиле јавниот ред и мир, додека Б.М. оштетил и стакло на влезна врата од зграда во Блок 87 во Тетово, потенцираат од тетовската полиција.
Неколку часа претходно вчера околу 20 часот и 50 минути, во близина на крстосницата на улиците „107“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, приведен е Е.Н.(22) од Република Албанија, кој непријавено престојувал на подрачјето и кај кого биле пронајдени нож и метален боксирач. Во текот на вчерашниот ден на улица „Маршал Тито“, во близина на тетовскиот Зелен пазар, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот Н.Б. од Тетово, кој неовластено ги снимал додека преземале службени дејствија.