Вчера во попладневните часови околу 17 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „11 октомври“ во Кичево, физички бил нападнат Р.С.(33) од Кичево.
Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски нападот го извршил Ф.А.(29) од кичевското село Зајас и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.