Во населбата Тунел во Велес синоќа во ссобраќајка со полесни повреди се здоби мотоциклист откако автомобил му го пресекол патот.

Како што информира за МИА, Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.Повредениот со возило на итна помош во Хирушката амбуланта на Општа болница бил донесен во 20:25 часот.Тој бил со полесни површински повреди и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.

СВР Велес извршила увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2020 14:58