Во изминатото денонокие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 108 прекршоци и тоа 82 во Велес, 17 во Кавдарци и девет во Неготино.

Според секојдневните извештаи од СВР Велес, поради неносење на заштитна маска во просек во тој град досега биле казнувани по 30 до 40 граѓани.

Од СВР Велес за вака високиот биланс на казнети во градот велат дека немаат анализа и дека можеби тоа е последица на поголемата раздвиженост на граѓаните вчера кога почна новата учебна година и непочитувањето на уредбата на дел од граѓаните за носење заштитна маска.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски апелира до граѓаните задолжително да ја почитуваат уредбата за носење заштитна маска за да не бидат казнувани.

– Со тоа ќе го зачуваат сопственото и здравјето на останатите граѓани и ќе се заштитат од Ковид-19, порача Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2020 15:13