Денеска (02.10.2020) во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово - Полициско одделение Галате во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го приведоа Ф.Л.(50) од с.Дебреше, кој со наредба од Основниот суд Скопје се барал за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 став 1 и 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Лицето е спроведено во казнено-поправната установа Идризово.