Припадници на СВР Тетово, денеска приведоа едно лице кое се бараше за издржување казна затвор од три и пол години. Како што информират од МВР, полициските службеници бараното лице го приведеле денеска во 14.20 часот.
– Полициско одделение Галате во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го приведоа Ф.Л.(50) од с.Дебреше, кој со наредба од Основниот суд Скопје се барал за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 став 1 и 2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Лицето е спроведено во казнено-поправната установа Идризово, соопштија од МВР.