Трактор удрил во патничкиот воз кој сообраќал на релацијата Скопје-Кочани, несреќата се случила во близина на Железничка станица-Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила вчера, а железничкиот сообраќај бил во прекин неколку часа.

В.А (61) од Штип управувал со тракторот, за среќа во незгодата нема повредени лица. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР-Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2020 19:56