Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ги приведоа А.Ц. (20) и К.Ј. (19) од скопско и Е.Л. (20) од велешко поради основано сомнение дека на 10 минатиот месец околу 13.30 часот во село Петровец извршиле разбојништво над Д.М. од Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицата се приведени во ПС Гази баба и по наредба на јавен обвинител е извршено препознавање, при што нападнатиот ги препознал напаѓачите. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.