Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 401 санкциja, меѓу кои возење без возачка дозвола 24 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 110 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 19, 21 санкциониран мотоциклист, 120 меркa за непрописно паркирање, 82 возила се подигнати со специјално возило„пајак“, а изречени се 69 казни за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.