Вчера околу 13 часот, на улицата „Илиница“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М. (44) и А.М.(68) од една и Р.М.(28) и А.М.(36) од друга страна, сите од Кичево. Против учесниците во нарушувањето ќе биде поднесена соодветна пријава информира портпаролот на СВР Кичево Стефан Димоски.
Тој истотака додаде дека според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 38 прекршоци за неносење лична заштита на лицето .
-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, објасни Димоски.