Со активности во Охрид, Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени контроли, насочени кон ставање ред во сообраќајот, односно зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Како што истакна портапролот на МВР, Тони Ангеловски, за само еден час колку што се спроведува денешната акциска контрола изречени се 60 санкции, најмногу за пречекорување на дозволената брзина, управување со нерегистрирано возило, како и управување возило без дозвола.

– Со засилената акциска контрола се опфаќаат сите сообраќајни прекршоци. Најчесто се работи за случаи на пречекорување на брзина, управување возило без дозвола, возење нерегистрирани возила, а се врши контрола и на моторциклистите. Особено се санкционирааат моторциклистите што вадат делови од моторите и со прекумерна бучава ги вознемируваат граѓаните во доцните вечерни часови, рече тој.

Ангеловски во име на полицијата ја искористи можноста преку обраќање да упати апел до граѓаните на Охрид и сите населени места под ингеренции на СВР Охрид, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи не за да се избегнат казните, како што рече, туку заеднички да се придонесе за зголемена безбедност на улиците во градовите и на сообраќајниците надвор од неселените места.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2020 14:50