Хамес Родригез беше двоен стрелец на денешниот дуел во Ливерпул на кој Евертон го совлада Брајтон со 4:2.

За „карамелите“ ова е четврти триумф во четвртиот настап оваа сезона.

Покрај Хамес, во листата на стрелците за домаќините се запишаа Јери Мина и Доминик Калверт-Лоин.

Евертон е лидер на табелата со максимални 12 бода.

На другиот денешен дуел завршен досега, Челзи го победи Кристал Палас со 4:0.

Вечер играат: Лидс – Манчестер сити и Њукасл – Барнли.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2020 23:09