ПРЕГОВОРИ ПОМЕЃУ ССМ И ОРМ ЗА ДА НЕ СЕ ИСПЛАТИ К-15 НЕМА!

Ставот на ССМ е јасен, К-15 да се исплати согласно утврденото во Колективните договори.

Истовремено, потсетуваме дека ист став по ова прашање како ССМ има и Владата.

Исплатата на регресот за годишен одмор е право на работниците, а обврска на работодавачите воспоставено по пат на социјален дијалог утврдена во Колективен договор!

Ќе се погрижиме оние кои не исплаќаат регрес за годишен одмор ​ или бараат од работниците​ да ги​ вратат исплатените средства по овој основ кривично да одговараат, истакнува Дарко Димовски, претседател на ССМ

Со почит,

Сојуз на синдикатите на Македонија, претседател Дарко Димовски



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2020 13:37