Владата денеска ќе ја одржи својата редовна, 8-ма седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопшти владината прес-служба.

На оваа седница на Владата ќе се разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии на седницата ќе се разгледа и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, стои во соопштението.

Министерството за образование и наука за оваа седница на дневен ред ја постави на разгледување Предлог – програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година.

Осмата седница на Владата е предвидено да започне во 18:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2020 15:48