Во СВР Велес синоќа во 23.00 часот било пријавено дека на ул.„Алексо Демниевски“ кај семафорите 24 годишниот А.С. од Велес, управувајќи мотоцикл „баотиан“ со велешки регистарски ознаки, удрил во бетонски рабник и паднал на коловозот.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

За МИА, д-р Весна Неделковска Николова,портпарол на ЈЗУ Општа Болница, информира дека повредениот имал површински повреди на лице и глава и скршеница на коска на нос.

-По санирање на повредите во Хирушката амбуланта на велешката болница,повредениот бил пратен на домашно лекување,информира д-р Неделковска Николова.

Од СВР Велес посочуваат дека вчера околу 15.15 часот на ул.„8-ми Септември“, кај Сармаале, се случила сообраќајна незгода и помеѓу четирицикл со велешки регистарски броеви, управуван од 24 годишниот Х.Б. и мопед со велешки регистарски броеви управуван од 22 годишниот С.К. при што, двајцата се здобиле со телесни повреди.

Бил извршен увид на местото на настанот, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова повредените од сообраќајката имале рани потелото и по нивното санирање биле оставени на неколку часовно посматрање во болница, а потао биле пуштени дома.

Синоќа околу 22.15 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес,кај Пабот, такси возило „даеву тико“ со велешки регистарски броеви, управувано од 40 годишниот Т.Л. удрил во 14-годишен малолетник.

Како што информира портаролот на СВР Велес,Верољуб Додевски, во незгодата, малолетничката се здобила се телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Увид бил извршен на местото на настанот извршила екипа на СВР Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2020 17:07