На подрачјето на СВР Велес во период 04./05 октомври за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 77 лица, од кои 47 во Велес, 14 во Кавадарции и 16 во Неготино.

Како што информираат од СВР Велес, во период 03./04 октомври за носење на лична заштита казнети сe 84лица и тоа, 48 во Велес,13 во Кавадарции и 23 во Неготино.

Во периодот пак од 02./03 октомври за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 59 лица, од кои 39 во Велес,18 во Кавадарции и две лица во Неготино.

Од СВР Велес упатија порака да се почитува Уредбата за носење на лична заштита со цел да не бидат принудени да ги казнуваат и со крајна цел од Ковид-19 да го зачуваат сопственото и здравјето на останатите граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2020 17:07