Во текот на септември тетовската сообраќајна полиција евидентира санкции за 1236 сообраќајни прекршоци, а од нив 163 возачи по разни основи биле исклучени од сообраќај. Служеници при Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово казните ги имаат изречено на поширокото тетовско подрачје.
-Од 163 исклучени од сообраќај 121 лице се поради тоа што управувале возила без возачка дозвола, двајца кои биле под дејство на алкохол, 35 возачи-почетници, 1 со важечка забрана за управување и 4 со несоодветна категорија. Поради констатирани различни видови прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 85 возила, од кои 78 со истечена регистрација до и над 30 дена и 7 технички неисправни, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Во септември вкупно биле подигнати и 243 погрешно, односно непрописно паркирани возила.