Полициски службеници од Полициско одделение Галате, СВР Тетово, пред два часа го привеле Н.Д.(32) од с.Горјане за издржување на казна затвор од две години и шест месеци во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово.

Како што соопшти МВР, денеска во 11 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле и М.К. кој се барал по потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци. Лицето е спроведено во Затвор Прилеп.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2020 20:52