„Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Македонија“ е новиот проект што од денеска ќе го реализира Здружението за унапредување на демократијата – Демокраси Лаб, со финансии од Кралството Холандија.
Проектот ќе биде презентиран на конференција на која организаторот најавува обраќања на амбасадорот на Кралството Холандија во државава, Дирк Јан Коп, министерот за финансии Фатмир Бесими и на директорите на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов и на Демокраси Лаб, Сефер Селими.
-Активностите на проектот се директно поврзани со подобрувањето, зајакнувањето и зголемувањето на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање за да стане поефикасна во борбата против перење пари и финансирање тероризам, кои истовремено се и во функција на имплементација на Националната стратегија за Спротивставување на насилниот екстремизам и тероризам, соопшти Демокраси Лаб..