Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 26, 80 мерки за непрописно паркирање...
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.