Од центарот за софтвер на Дајна СДЦ.д.о.о Скопје, филијала на италијанската компанија специјализирана за обезбедување консултанстки услуги, SAP и Neptune Software, веќе десет години се нудат услуги за клиенти од Италија, Швајцарија, Велика Британија и Германија.

-Во текот на последните 10 години Dyna Brains успешно ја прилагоди својата деловна стратегија на потребите на ИТ пазарот нудејќи иновативни и флексибилни решенија благодарение на високо специјализирани професионалци, консултанти и развивачи на софтвер, соопшти денеска компанијата по повод 10 години работа на македонскиот пазар.

-Нашиот Software Delivery Center за испорака на софтвер во Скопје се повеќе се потврдува како стратешко богатство во развојот на софтвер и во поддршката за обезбедување вредни услуги на пазарот на директни и индиректни клиенти, исто така преку соработка со разни меѓународни System Integrators, изјави Уго Романо, главен извршен директор и основач на Dyna Brains.

Тој истакнува дека нивниот тим за развој на софтвер посветува постојано внимание на квалитетот, иновативноста и ефикасноста, како што вели, овозможувајќи ни да заработиме доверба и благодарност од нашите клиенти во Италија, Швајцарија, Велика Британија и Германија“.

Од компнаијата се заблагодаруваат на сите соработници и вработени во Северна Македонија и Италија, за, како што велат, долгата и плодна соработка, во надеж дека ќе успее успешно да го продолжи овој пат започнат пред 10 години , за да направиме нашата компанија да расте уште повеќе заедно “.

-Благодарение на развојот на врвни решенија и архитектури во областа на дигиталната трансформација, Dyna Brains сакаше да ја позиционира својата понуда во обезбедување иновации со висока додадена вредност на своите клиенти, да се справи со различните предизвици и можности што ги нуди пазарот денес, стои во соопштението.

Dyna Brains е консултантска компанија SAP Boutique Consulting Company фокусирана на развој на решенија за дигитална иновација за компании кои сакаат да ја зголемат својата конкурентска предност на пазарите. Основана во 2010 година од тим на професионалци со меѓународно искуство, Dyna Brains дава консултации, решенија и развој на софтвер на SAP, софтвер Neptun и на најиновативните технолошки и дигитални платформи што се користат денес, во Италија и Европа, за различни сектори како мода и луксуз, мехатроника, храна и пијалоци и производи за широка потрошувачка во канцеларискиот и индустрискиот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2020 14:27