На 06.10.2020, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на судска наредба, го привеле Б.З.(23) од Битола за издржување казна затвор од 3 години во Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори", по член 215 од Кривичниот законик.