Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 391 санкција, меѓу кои возење без возачка дозвола 52 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 87 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 74, 7 санкционирани мотоциклисти, 92 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 11 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2020 11:34