Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.10.), во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат меѓуградски превоз на патници.
Санкционирани се 28 возила, од кои 23 поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци.