Охриѓанка вчера пријавила измама од неготинка, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Неготино, Б.М.(41) од Охрид пријавила дека била измамена од С.В. од Неготино. Според пријавеното, С.В. ѝ ветила дека ќе посредува за работа во странство и дека ќе и исплаќа договорена сума на пари кои ќе ги зема од странскиот работодавач, но, по три месеци работа ништо не ѝ било исплатено, појасни Додевски.

Тој додаде дека се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2020 12:28