Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода завчера во 22 часот го лишиле од слобода И.Р.(30) од Скопје поради сомнение дека истиот ден на подрачје на ЕВР Кисела Вода извршил две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид.

Лицето, како што соопшти МВР, било приведено и задржано во полициска станица. По преземени мерки кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела кои ги извршил и тоа: „тешка кражба“ на ул.„Козјак“, „тешка кражба“ на ул.„Димитар Мирасчиев“, „тешка кражба“ на ул.„Стојан Стојановски“ и „тешка кражба“ во обид на ул.„Димитар Мирасчиев“. Во врска со споменатите дела, односно поради сомнение дека извршил кривично дело „помагање“ во извршување на кривичните дела приведено е и лицето О.И. (29) од Скопје.

По целосно документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2020 22:40