СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(45) од Кочани и правно лице од Зрновци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот, на катарстарска парцела во охридското село Косел, како сопственик-управител на правното лице и инвеститор на градбата, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградил бетонски објект со темели, столбови и плоча. По извршен инспекциски надзор од страна на Градежна инспекција при Општина Охрид, донесено е Решение за отстранување на градбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2020 00:54