Доцна синоќа околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Велес од слобода го лишиле 26-годишниот Т.Ј. од Велес затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од растението канабис сатива.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски,тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2020 12:23