Голманот на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа се повреди на тренинг на репрезентацијата, пренесува „АС“.

Според изворот, 28-годишниот голман има проблеми со бутен мускул.

Куртоа ќе го пропушти денешниот пријателски натпревар против Брегот на Слоновата Коска, како и натпреварите во Лигата на нации против Англија (11 октомври) и Исланд (14 октомври).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2020 15:13