Дваесет и петгодишен кавадарчанец е лишен од слобода вчера околу два часот, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Вчера околу два часот во Кавадарци, при извршување на тешка кражба на дрзок начин, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го фатиле и од слобода го лишиле Џ.А. од Кавадарци. Освен ова дело, во изминатиот период лицето е сторител на повеќе кривични дела, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случаите, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2020 21:58