Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на Струмица. Изречени се 116 санкции, меѓу кои 32 за нерегистрирани возила, а санкционирани се и шест мотоциклисти.
Како што соопшти МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението од МВР.