Градски стадион беше празен но срцата на сите Македонци вечерва беа полни по победата на македонската фудбалска репрезентација над Косово и доближување до историскиот пласман на едно големо натпреварување како што е Европското првенство.

По последниот судиски свиреж, цела репрезентација и стручниот штаб, истрчаа на терен да го прослават успехот а во славјето не изостана и пеењето на „Едно име имаме“.

Браво момци, секоја чест!



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2020 00:25