Репрезентацијата на Македонија се пласираше во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство по успехот над Косово вечерва на арената „Тодор Проески“ и до настап на своето прво големо фудбалско натпреварување ја дели само уште еден меч – со Грузија, на 12 ноември во Тбилиси.
Македонците одиграа солиден натпревар, на два пати поведоа во резултатот, а им беа поништени и два гола по преглед на ВАР системот – на капитенот Горан Пандев и на Аријан Адеми.
На крајот радоста кај „жолто-црвените“ беше голема и славјето може да започне, додека противникот ќе мора да почека уште неколку години за слична шанса.