Во СВР Скопје вчера во 13:50 часот, 32-годишниот Ј.К. од струшкото село Франгово пријавил дека бил измамен од две лица во Скопје.
Според него, околу 10:30 часот на подрачјето на Центар, едното лице го пресретнало и побарало да му помогне за превод со другото лице, за да му плати во врска со направена сообраќајна незгода. Првото лице побарало од второто лице да купи часовник и заминало во банка да извади пари. Со изговор дека треба да оди во болница, второто лице го оставило часовникот на Ј.К. и му побарало пари. Според пријавеното, Ј.К. му дал 250 швајцарски франци, 100 американски долари и 100 евра, по што лицето заминало. По одредено време двете лица не се вратиле, по што Ј.К. заклучил дека го измамиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.