Дваесет и шест годишник од Тетово бил фатен од полицијата додека се обидувал да изврши кражба во возило, ноќеска еден час пред полноќ. Потоа при претресот кај него се најдени и три ножеви.
-Вчера околу 22 часот и 55 минути, на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Џ.И., кој се обидел да изврши тешка кражба во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки. По лишувањето од Џ.И. одземени се и три ножеви, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Најави дека СВР Тетово ќе го расчистува случајот и против осомничениот ќе следува поднесок.