На 08.10.2020 полициски службеници од OВР Кисела Вода го лишиле од слобода Ф.П.(27) од Скопје поради сомнение дека на подрачје на ОВР Кисела Вода извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин на 06.10.2020 и обид за „тешка кражба“ на дрзок начин на 04.12.2019.
На 06.10.2020 на ул.„Михаил и Евтихиј“ од И.Т.(86) од Скопје одзел паричник, а на 04.12.2019 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје на А.К.(19) се обидел да и одземе чанта .
Тој бил приведен и задржан во полициска станица, каде што бил препознаен од оштетените.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.