Две лица се приведени во полициска станица откако биле пријавени дека физички нападнале двајца помлади гостиварци. Во масовната тепачка која се случила синоќа на улицата „Беличица“ во Гостивар се користеле и метални предмети, а била повредна и една жена.

Според СВР Тетово, синоќа околу во 22 часот, гостиварката Л.С.(53) и нејзиниот син А.С. (21) од Гостивар пријавиле физички напад. Според пријавата, околу 19 часот и 25 минути на улица „Беличица“, А.С. и неговиот другар Б.К.(20), физички биле нападнати од повеќе лица. При обидот да ги раздели била нападната и Л. С.

Според сознанијата на полицијата, во настанот биле вклучени повеќе лица, а некои од нив користеле и метални предмети. По пријавата, лишени од слобода се С.Б.(40) и М.Б.(49) од Гостивар поради сомнение дека учествувале во насилството. Во ОВР Гостивар се преземаат мерки за расчистување и на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2020 13:14