Управата за јавни приходи е подготвена за спроведување на мерката Викенд без ДДВ. Апликацијата МојДДВ преку која граѓаните за купените домашни производи и услуги и за компјутерската опрема треба да ги скенираат сметките е приспособена. Граѓаните од утре до 12 октомври имаат можност да купат од широката лепеза домашни производи и услуги и притоа да го добијат целиот пресметан износ на ДДВ назад,најдоцна до крајот на месецот.
Ова го соопшти в.д. директорот на Управата за јавни приходи Фарук Омери на денешната прес-конференција на која упати апел за да се реализира мерката трговците да ги разделат домашните производи од странските.
-УЈП ја прилагоди аликацијата Мој ДДВ и подготвено го очекува продолжениот викенд. Сите граѓани кои се корисници на апаликацијата Мој ДДВ за фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври и пријавени преку системот за скенирање за купените македонски производи и услуги и ИТ опрема ќе им се врати во целост пресметаниот ДДВ во фискалните сметки, рече Омери.
Тој додаде дека ако досега се враќаа 20 отсто од пресметаниот ДДВ за македонски производи, со оваа мерка во овој продолжен викенд, викенд без ДДВ, ќе се враќа целосниот ДДВ.
Појасни дека за враќање на целиот износ граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од три дена од издавањето, а доколку се скенираат по овој рок на граѓаните ќе им бидат вратени 20 отсто од искажаното ДДВ од фисакалната сметка.
-Важно е да се напомене дека и вкупниот промет од македонски производи, услуги и ИТ опрема за кои ќе се враќа целосниот ДДВ е најмногу до 30.000 денари, а за надминатиот ќе се враќа како што е утврдено претходно, односно 20 отсто од пресметаниот ДДВ, истакна Омери.
Потенцира дека во државава има на располагање голем асортиман домашни прозиводи почнувајќи од прехрана, текстил, облека, градежни материјали и друго, што значи има широка лепеза на проиводи и услуги и граѓаните може да ги направат потребните набавки.
Тој додаде дека во овој Викенд без ДДВ е даден акцент и на компјутерската опрема, со тоа што овој викенд истата независно од потклото во фискалните сметки ќе се регистрира како промет на македонски проиводи, со цел граѓаните да ги искористат приодибвките од купување копјутерска опрема имајќи предвид колку е таа во овој период неопходна.
Апелираше дека за целосна реализација на оваа мерка сите трговци треба да ги означат македонските производи и услуги и компјутерска опрема, односно да ги разделат во фискалната сметки со цел непречено враќање на ДДВ.
Враќањето на ДДВ што граѓаните ќе го остварат во Викендот без ДДВ ќе се реализира во рок од 15 дена од денот на издавање на фискалната сметка, односно, како што рече Омери, до крајот на октомври.
-Основната цел на Викенд без ДДВ е повеќе пари кај граѓаните, ососбнео во овој перид од годината, кога трошоците во домаќинствата се зголемени, при што граѓантие ќе може да купуваат домашни производи и услуги со што ќе се поттикне потрошуачката, а истовремено ќе се поддржи и економијата. На подолг рок оваа мерка е борба против сивата економија, посочи Омери.
Тој повика на примена на пропишаните протоколи од страна на трговците, и посочи дека на терен ќе бидат инспекторатите за да се спречат евентуални малверзации со покачени цени.
-Секако ние сме свесни дека проектот Викенд без ДДВ се спроведува во услови на Ковид 19 и оти трговците се обврзани да ги спроведуваат протоколите за заштита од Ковид 19, рече Омери.
Наведе дека согласно донесените законски измени за реализација на оваа мерка, која е прва од четвртиот пакет антикризни мерки, е предвидено Викенд без ддв да се спроведе само овој продолжен викенд на 10, 11 и 12 октомври