Вчера во 17.00 часот во Полициска станица Неготино, 43 – годишна жена од Демир Капија пријавила дека околу 15.30 часот 21-годишен демиркапиец се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка и ја допирал по телото. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2020 00:58