Кривична пријава против сопственик на угостителски објект – организирал прослава. Поднесена е кривична пријава против угостителски објект, кој организирал прослава, соопшти МВР.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против фирма од Радовиш и Л.П.(44) од Радовиш, сопственик и управител во фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, посочуваат од МВР.

На 6 септември 2020 година, информираат од МВР, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на фирмата и констатирале дека на летната тераса била организирана матурска прослава, спротивно од член 12 од Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2020 00:59