На Граничниот премин Ќафасан – Струга е приведен дилер од Албанија, кај кого е пронајдена кокаин, соопшти МВР.
– Денеска околу 17:15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан – Струга запреле возило „голф“ и го привеле Р.К. (23) од Либразд, Албанија, кај кого е пронајдено околу 50 грама кокаин. Р.К. е приведен, посочуваат од МВР.
Оттаму информираат дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство.