На првиот ден од „Викенд без ДДВ“ вчера (10 октомври) прометот од македонски производи е зголемен за трипати, соопшти Управата за јавни приходи по обработените податоци.

– На граѓаните кои вчера ја искористиле оваа мерка, ќе им се врати целосниот ДДВ за купените македонски производи / услуги, како и за купена компјутерска опрема, во рок од 15 дена од издадената сметка односно до крајот на овој месец, соопшти УЈП.

Мерката трае заклучно со утре, 12 октомври, а граѓаните треба да ги скенираат сметките во рок од три дена по нивното издавање.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2020 14:49